226
Земјите ширум светот ветија дека ќе испратат уште поголема помош во Канада откако стотици шумски пожари ја погодија земјата.
САД досега испратија стотици пожарникари и ќе испратат уште, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен изјави дека властите на Франција, Португалија и Шпанија испратиле повеќе од 280 пожарникари во Канада, пренесува Ројтерс.
Покрај споменатите земји, голем број пожарникари испратија и Јужна Африка, Австралија и Нов Зеланд.