Бразилскиот судија Алехандро де Мораеш ги блокираше банкарските сметки на „Старлинк“ во таа земја, поради продлабочувањето на спорот со платформата „Х“ (Твитер).
Овој потег доаѓа откако истиот судија на Врховниот суд се закани дека ќе го забрани „Х“ во земјата и е директен одговор на тековната правна битка со компанијата, објави Ројтерс.
Бразилските власти побараа од „Х“ да блокира одредени сметки, што компанијата го одби, а тие привремено ги затворија своите операции во земјата на почетокот на овој месец како резултат на судски наредби што ги карактеризираа како „нарачки за цензура“.
Сега, Мораеш очигледно се обидува да таргетира друга компанија на Маск, „Старлинк“, за да го принуди „Х“ да се придржува до судскиот налог.
„Оваа наредба почива на неоснованата одлука дека „Стралинк“ треба да биде одговорен за казните наметнати – неуставно – против платформата „X“. Таа беше издадена во тајност и без да му се дозволи на „Стралинк“ соодветен процес загарантиран со бразилскиот Устав. Имаме намера да го решиме ова прашање“, соопштија од платформата.
Мораеш се закани дека целосно ќе го забрани Х доколку не назначи правен застапник во земјата, а откако тие не успеаја да го сторат тоа, компанијата соопшти дека очекуваат судијата „наскоро да нареди исклучување“.
„Ние апсолутно не инсистираме другите земји да имаат исти закони за слобода на говор како САД. Станува збор за судија кој бара од нас да ги прекршиме законите на Бразил. Ние едноставно нема да го сториме тоа“, рече Х, додавајќи дека во наредните денови „тој ќе ги објави незаконските барања на Мораеш и сите поврзани судски поднесоци“.