Српското обвинителство по распитот на осомничените за инцидентот на белградскиот слав „Фристајлер“ предложило мерка притвор од 30 дена, што со судска одлука им е одредена на В.Д и Р.М. На осомничениот Љ. М, кој што е сопственик на сплавот, му е одредена мерка забрана за приближување, средба, комуникација со одредени лица и посета на одредени места.
Тројцата се товарат за „тешко кривично дело против општата безбедност“.
-Обвинителството по распитот на осомничените предложи да се определи притвор во траење од 30 дена, што е утврдено со одлука на судот во однос на В.Д и Р.М, стои во соопштението.
Три лица се уапсени, меѓу кои и еден грчки државјанин, поради инцидентот што се случи на новогодишната ноќ на сплавот „Фристајлер“, откако неочекувано објектот почна да тоне во водите.