Возачот на автобусот по чие превртување на автопатот кај Славонски Брод животот го загубија десет лица, а неколку десетици беа повредени, утрово му беше одредена мерка притвор.
– Тој беше осуден на претходна постапка поради опасност да може да ја напушти Хрватска. Донесена е одлука за притвор во траење од еден месец – рече заменик-државниот обвинител на округот, Фрањо Копуниќ.
Посочи дека обвинетиот сè уште не ја презентирал својата одбрана. Додаде дека во текот на денот ќе се донесе одлука за спроведување истрага.