Приватни матични лекари во понеделник од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт по убиството на колегата

од Симе Стоиков

Матичните лекари од приватното здравство во понеделник од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако вчера нивни колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара, изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова.

– Згрозени сме од ваквиот грозоморен чин. Се работи за наш колега и професионалец кој целиот живот го има посветено на работата. Што треба да значи ова, дека треба да се плашиме дали некој кој не е задоволен од некоја причина од нашата работа и после работно време може да посегне по нашиот живот. Ние ќе го изразиме нашиот револт и во понеделник од 12 до 16 часот нема да работиме, вели Чолакова — Дервишова.

Истакна дека неопходно е да се донесе Закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

– Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова — Дервишова.

Слични содржини