Приватноста во криза? Зошто „опционалната“ Meta AI функционалност е толку контроверзна?

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Meta неодамна тивко воведе нова функционалност во своите апликации – круг во нијанси на сина, розова и зелена – што означува присуство на нов асистент за вештачка интелигенција. Иако на прв поглед изгледа безопасно, многу корисници изразуваат незадоволство бидејќи функцијата не може да се отстрани, а расте и загриженоста околу потенцијалните проблеми со приватноста на податоците.

Кругот се појави на WhatsApp, Facebook, Instagram и Messenger од март, но корисниците низ цела Европа го истакнуваат таканаречениот замор од вештачка интелигенција – фрустрација од постојаниот налет на нови функции базирани на вештачка интелигенција, честопати воведени без согласност на корисникот.

Што точно е Meta AI?

Тоа е конверзациски агент, или четбот, базиран на големиот јазичен модел на Мета, Llama. Meta AI е дизајнирана да им помогне на корисниците да планираат патувања, да бараат рецепти, да решаваат дискусии и да додаваат забавна содржина во разговорите.

Сепак, начинот на кој беше претставен предизвика бројни реакции. Функцијата за вештачка интелигенција се активира автоматски и не може да се деактивира, што многумина го сметаат за кршење на правата за приватност.

Клеанти Сардели, адвокат специјализиран за заштита на податоци во невладината организација NOYB, за Euronews Next изјави: „Фактот што функцијата не може да се исклучи очигледно ја прекршува обврската на Meta да им обезбеди на корисниците алатки за заштита на приватноста уште во фазата на дизајнирање.“

Таа додаде дека Meta на овој начин се обидува да ја заобиколи законската обврска за собирање согласност од корисниците. „Во суштина, Meta ги принудува корисниците да прифатат нова функција, заобиколувајќи го законскиот пат – нивната експлицитна согласност.“

Од загриженост, некои корисници се обратија до европратеничката Вероника Цифрова Острихонова од Прогресивната партија во Словачка, која го покрена прашањето за усогласеноста на функцијата со регулативите на ЕУ пред Европската комисија.

Meta претходно беше критикувана затоа што во Европа автоматски вклучуваше употреба на кориснички податоци за обука на модели со вештачка интелигенција, освен ако корисникот конкретно не се спротивстави. NOYB тврди дека компанијата не е доволно транспарентна во однос на начинот на кој се обработуваат податоците.

Терминот „технологии на вештачка интелигенција“ опфаќа широк спектар на алатки, од кои многу се целосно непознати за просечните корисници. Meta има обврска јасно и прецизно да ги информира корисниците за тоа како се користат нивните лични податоци – обврска што во моментов се обидува да ја избегне“, рече Сардели.

Може ли функцијата да се исклучи?

За жал, целосно деактивирање не е можно. Корисниците на WhatsApp можат да го исклучат звукот на разговорот со вештачка интелигенција со долго притискање на разговорот и избирање на опцијата „исклучи звук“. Исто така, постои можност за поднесување приговор за исклучување на употребата на податоци за цели на обука на модели, преку формуларот што го обезбедува самата апликација.

Иако некои форуми советуваат апликацијата да се симне од понова верзија преку независни извори, оваа опција не е можна на iOS уреди, а за Android носи безбедносни ризици и не се препорачува.

Каде е достапна Meta AI?

Meta AI првпат беше лансирана во САД во септември 2023 година, а стана достапна за европските корисници претходно оваа година. Иконата во облик на круг е достапна на шест јазици: француски, германски, хинди, италијански, португалски и шпански.

Покрај апликациите, Meta AI е интегрирана и во паметните очила Ray-Ban, кои се достапни во неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија и Белгија.

Слични содржини