214
Полициски службеници вчера го привеле 19-годишниот Т.М. од Куманово откако при претрес на неговиот дом, пронашле марихуана.
– На 16.02.2024 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Т.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана, информираат од МВР.
Т.М.бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава