382
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 12.20 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје го лишиле од слобода дваесетгодишниот скопјанец Д.К.
-Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години поради сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека Д.К. ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.