346
Вчера во 13.00 часот на автопатот А1 кај клучка Миравци, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник бил Р.А., било констатирано дека се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик.
Р.А. е приведен и задржан во полициска станица во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.