Приведен дилер, пронајдена прашкаста материја и марихуана

од Nikola Popovski
149 прегледи

На 01.10.2022 во 17.50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Ѓ.(28) од Битола.

При извршен преглед во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, а при претрес извршен во хотелска соба каде престојува, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини