10
Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Ф.И.(47) од селото Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуaна и бела прашкаста материја.
Како што информираат од МВР, подоцна со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и куршуми за пушката.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.