Приведен дрвокрадец во скопско, следува соодветна пријава

од Radmila Tasevska
251 прегледи

Деветнаесет годишник од скопското село Ласкарци е приведено, откако бил затекнат како превезува огревно дрво без документација, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 23 часот, во атарот на село Ласкарци, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Б.А., на возраст од 19 години. Тој бил затекнат како со патничко возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, превезува огревно дрво без документација, појаснуваат од МВР.

Од МВР соопштуваат дека возилото и дрвата биле одземени, а лицето приведено во Полициското одделение Сарај. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини