Приведен германски државјанин баран со меѓународна потерница

од Radmila Tasevska
705 прегледи

Полциски службеници вечерва на ул.„Руди Чаевац” во Скопје, во рамки на оперативната акција „Жетва”, го привеле П.Д.Р. (36) од Визбаден, Германија, кој бил баран  по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога.

Лицето е предадено во ПСОН Аеродром за понатамошна постапка, соопшти МВР.