Приведен гевгеличанец, во неговиот дом пронајдени марихуана и семки од канабис

од Radmila Tasevska
206 прегледи

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија вчеравечер го лишиле од слобода Т.К.(35) од Гевгелија.

-При претрес на домот на Т.К., извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од канабис, информираат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини