345
Денеска (04.11.2023) во 16.30 часот на ул. „Охридска“ во Битола, Оперативен тим Потраги го лишил од слобода Д.Р.(65) од с.Кривогаштани, прилепско.
Тој се барал по две централни потерници врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, во врска со сторени кривични дела по чл.394 и чл.279 од Кривичниот законик, како и согласно наредба од Основен кривичен суд Прилеп, каде бил осуден на казна затвор во времетраење од две години, во врска со чл.252 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Лицето е предадено во СВР Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа.