Приведен крадец во Богданци

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

На 15.07.2023 во 17.00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци.

Тој се сомничи дека во периодот од 08.00 до 14.30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и пражкаста материја и таблета.

Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Слични содржини