412
На 05.03.2022 во 05.00 часот во објект на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е затекнат и лишен од слобода О.М.(24) од Скопје при извршување на кривично дело тешка кражба, соопштија од МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.