383
На 20.03.2022 во 23.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Џ.Д.(48) од Скопје.
Тој се сомничи дека дека околу 21.00 часот со употреба на сила влегол во подрумска просторија на ул.„Емин Дураку“, сопственост на А.Џ.(29) од Скопје и одзел повеќе предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.