178
Денеска (16.09.2022) во 14.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(32) од Куманово.
Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување казна затвор од 2 години, а бил осуден на затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.