Приведен крадец, пронајдено одземено возило

од Берта Китинска
177 прегледи

Денеска полициски службеници од СВР Битола-Полициско оделение за безбедност во сообраќај Демир Хисар околу 17.30 часот го лишиле од слобода Ш.Р. (30) од Ресен.

Претходно било пријавено дека во 16,55 часот од Ј. Н. од Демир Хисар му било одземено неговото патничко моторно возило “сузуки”, кое било паркирано на ул.Партизанска во Демир Хисар.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на место викано Мраморица, а сторителот е приведен. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини