Приведен крадец во Скопје осуден на казна затвор од 22 месеци

од Берта Китинска
284 прегледи

На 25.05.2022 во 21.55 часот на бул,,Никола Карев” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(46) од с.Трубарево,скопско. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини