234
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, во соработка со СВР Тетово, денеска околу 14.50 часот во село Камењане, тетовско, го лишиле од слобода С.З. од Данска.
Како што соопшти МВР, С.З бил баран по меѓународна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка.