178
На 19.02.2024 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(26) од Куманово.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
С.А. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната, соопшти МВР.