571
На 26.02.2022 во 22.50 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, го лишиле од слобода Е.П.(33) од Скопје кој се барал за бегство од Казнено поправна установа, а бил осуден на шест години и девет месеци затворска казна, по што веднаш бил спроведен во КПУ Идризово.
Кај Е.П. била пронајдена и прашкаста материја.