262
На 09.08.2022 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.С.(34) од Куманово.
Тој бил осуден на 8 години затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 5 години казна затвор.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Прилеп за доиздржување на казната.