Приведен криминалец од Скопје за издржување казна затвор од 3 години

од Vladimir Zorba
232 прегледи

На 19.03.2021 во 13.00 часот во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле Ф.И.(35) од Скопје за издржување затворска казна од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Слични содржини