517
На 11.03.2021 околу 19.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Б.И.(60) од Тетово за издржување затворска казна од една година и еден месец за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, согласно член 396 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
После тоа, Б.И. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.