Приведен криминалец, осуден на седум и пол години затвор

од Milan1
364 прегледи

„Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д.(43) од Куманово. Тој е осуден на 7 години и 5 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, а се барал со потерница за доиздржување на 4 години и 2 месеци казна затвор.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната“, информираат од МВР.

Слични содржини