Приведен маж од кичевско, пукал на семејна веселба и повредил три лица

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас на 28 јули 03.00 часот го лишиле од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија, кој на семејна веселба пукал со пиштол и пртитоа повредил три лица.

-Б.У. на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, се вели во денешното соопштение од МВР.

Оттаму додаваат дека од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Слични содржини