Приведен маж од охридско, одземени ловен карабин и муниција

од Vladimir Zorba
410 прегледи

На 18.03.2022 во 16.05 часот во с. Ливоишта, охридско од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид е лишен од слобода Х.Д.(29) од с. Ливоишта поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

Кај него се пронајдени и одземени еден ловен карабин „заводи црвена застава“ кал.8×57 мм и 56 куршуми различен калибар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини