42
– На 31.07.2024 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13.30 часот кај место викано “Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата, информираат од МВР.
Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.
По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост.