Приведен осомничен за експлозијата во Германија: Полицијата пронашла грозоморна сцена во неговиот стан

од Nikola Popovski
222 прегледи

Германската полиција денеска приведе осомничен за предизвикување експлозија во повеќекатница во градот Ратинген, во која беа повредени 10 пожарникари и двајца полицајци, од кои некои потешко.

Во станот на осомничниот маж на возраст од 60 години пронајдено е тело.

Осомничениот со тешки повреди е пренесен во болница, но не се знае дали е повреден во експлозијата или при апсењето.

Претходно, министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија Херберт Ројл изјави дека здружението на сопственици на станови ја известило полицијата околу 10 часот дека поштенското сандаче на еден станар е полно, по што пожарникарите дошле на местото за да ја отворат вратата од станот.

Причината за експлозијата се уште не е позната, а безбедносните служби не ја исклучуваат можноста да се работи за намерен напад.

Слични содржини