Приведен осомничен за оштетување на цевките за кислород во тетовската болница

од Берта Китинска
246 прегледи

На 30.08.2021 околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец, информираат од полицијата.

Оттаму додаваат дека по барање на болницата по инцидентот е зголемено присуство на полицајци околу објектите.

Слични содржини