421
На 22.02.2022 во 21.40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“, со употреба на сила кон вработената, се обидел да одземе пари од дневниот промет. Ф.М. бил приведен во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.