Приведен разбојник од Кондово за издржување на казна затвор од пет години

од Nikola Popovski
169 прегледи

На 05.12.2022 во 16.00 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.Ф.(21) од с.Кондово.

За него била распишана потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Слични содржини