Приведен скопјанец, пронајден пиштол

од Берта Китинска
570 прегледи

На булевар „Партизански одреди“ во Скопје, синоќа во 21.35 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот М.М. (23).

Како што информираа денеска од МВР, тој не застанал на даден знак за запирање и со возило „Сеат Алтеа“ без регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да побегне, но набргу бил фатен и кај него бил пронајден пиштол.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.