245
На 04.12.2019 во 17.00 часот, полициски службеници на СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го привеле Г.С.(17) од Скопје поради тоа што на 15.09.2019 во парк на ул. „АВНОЈ“ во Скопје со тврд предмет измачувал и усмртил две кучиња.
МВР денеска соопшти дека со него бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 233 од Кривичниот законик.