Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, при претрес пронајдена дрога

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Полицијата ноќеска во 01.45 часот го лишила од слобода Б.Ѓ.(34) од Гостивар, откако при претрес во неговиот угостителски објект и во помошни простории од објектот во Гостивар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од кокаин.

– Б.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини