Приведен советник на Додик, вперил пиштол кон бизнисмен

од Nikola Popovski
171 прегледи

Бранислав Окука, советник на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска во Требиње вперил пиштол врз бизнисменот Момчило Мандиќ, јави телевизијата БН, пренесува српска „Нова“.

Се наведува дека Окука го извадил пиштолот и впераил кон Мандиќ во близина на хотелот „Централ Парк“ во центарот на Требиње, по што интервенирала полицијата и го привела Окука во станица.

Портпаролката на полициската управа Требиње, Јована Цвијетиќ, соопштила дека не можат да дадат никакви информации за овој настан, додека полициските службеници не ги утврдат деталите и околностите.

ТВ БН објави дека Окука претходно повеќе од една деценија бил вработен во компанијата на Мандиќ, каде што наводно бил отпуштен поради „кражба на гориво“.

Слични содржини