Приведен жител на Грчец баран со централна потерница

од Nikola Popovski
180 прегледи

Денеска (25.10.2022) во 12.05 часот на ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и инспектори по потраги од ЕВР – Ѓорче Петров и ЕВР- Кисела Вода го лишиле од слобода С.С.(59) од с.Грчец, Општина Сарај.

За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 223 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини