Приведена кумановка поради кражба, одземеното вратено на сопственикот

од Берта Китинска
187 прегледи

Приведена е 24-годишна кумановка, за извршена кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“ во Куманово.

Според информациите од МВР, тоа се случило вчера околу 16.55 часот.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а М.З. била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини