204
Оперативен тим Потраги попладнево во 17:25 часот на подрачјето на Центар ја лиши од слобода С.М.(61) од Скопје.
-За неа била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба, осудена на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „даночно затајување” по член 239 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Шеесет и едногодишната скопјанка ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.