Приведени дрвокрадци во прилепско

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Полицијата  ноќеска привела тројца прилепчани кои во реонот на село Беловодица превезувале нежигосани огревни дрва без документација.

-Во периодот од 02.00 до 10.00 часот во реонот на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во координација со полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.М.(33), Ф.Ц.(28) и Н.Б.(25), сите од Прилеп. Тие биле затекнати како со три возила превезуваат нежигосани огревни дрва без документација, соопшти МВР.

Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини