Приведени двајца Турци во Штип, кај нив била пронајдена марихуана

од Milan1
196 прегледи

Двајца турски државјани биле приведени вчера во Штип откако во нивното возило била пронајдена дробилка и марихуана.

„На 13.05.2024 во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги привеле В.Е.(26) и О.М.К.(25), двајцата од Република Турција со привремен престој во Штип. При преглед во патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал В.Е., а сопатник бил О.М.К., била пронајдена и одземена дробилка во која имало марихуана“, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против лицата ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини