Приведени двајца жители од с.Бузалково, пронајдено оружје

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Полициски службеници од СВР Велес вчера утро во с.Бузалково, го лишиле од слобода 23 годишниот  Ј.Ј. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена рамка за автоматска пушка. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Велес,Ристе Самарџиев.

Претходно, во с.Бузалково, полициски службеници го привеле 50 годишниот М.С. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Самарџиев.

Слични содржини