На 30.03.2022 во 03.45 часот и во 12.50 часот во Гостивар и с.Форино, гостиварско, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода Љ.С.(39) од гостиварско Чегране и И.С.(35) од гостиварско Форино.

Тие се сомничат дека во текот на минатата и оваа година извршиле осум тешки кражби, односно со употреба на сила и разновиден алат влегувале во спортски обложувалници, маркети и продавници за мобилни телефони во Гостивар и одзеле пари и други предмети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик.

Слични содржини