Вратени се старите цени на полисите за автоодговорност

од Nikola Popovski

Осигурителните компании вчера ги вратија старите цени на полисите за автоодговорност. Цената на полисата за автоодговорност е намалена 15,4 отсто, колку што беа зголемени на 24-ти април.

Цените на полисите за автоодговорност се променија на 25-ти април, откако четири дена претходно осигурителните компании ја добиле информацијата за покачување на сумата на осигурувањето. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување.

По објавување на ваквата информација во медиумите се огласи Агенцијата за супервизија на осигурување кои посочија дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

Првично им беше наложено на компаниите самите да ги вратата старите цени, но откако не го сторија тоа се достави предлог во Владата за нивно враќање.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија, пак, сметаат дека враќањето на старите цени за полисите е неодржлива за бизнисот.

Според, комората амбиентот за водење бизнис станува дестимулациски за локалните компании и за странските инвестиции, се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој сè уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобили, што е спротивно на ЕУ.

Со одлуката од страна на Комисијата за автоодговорност, се ограничуваат ингеренциите на други релевантни фактори како што се компаниите со тоа што цената на оваа полиса целосно се контролира од државата, велат од комората.

Слични содржини