360
Полициски службеници од СВР Струмица синоќа го привеле А.А.(33) од Струмица затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР.
Во друг случај, пак, синоќа во 23:45 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Л.Р.(35) од кумановското село Черкези.
Лицето, како што се наведува во МВР-билтенот, било приведно затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случаите против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.