Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево.
„Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс“. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, соопшти Обвинителството.
Николчо Илијев од редовите на СДСМ беше градоначалник од 2017 до 2021 година. Претходно градоначалник на Кочани беше Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со два мандата (2009-2017).
Љупчо Папазов од ВМРО- ДПМНЕ беше градоначалник на Кочани се до понеделникот кога поднесе оставка.