Приведени татко и син во Битола, кај синот полицијата пронашла марихуана

од Milan1
364 прегледи

На 25.11.2021 во 17.30 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Ж.(25) и З.Ж.(56), двајцата од Битола. При претрес во домот и возилото „мерцедес” на Т.Ж., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пари и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Притоа, неговиот татко З.Ж. ги попречувал полициските службеници во извршување службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.